Ахмети на распит во ОЈО

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Ахмети треба да исказ во врска со предметот „Попис“. Овој предметот го отвори поранешното СЈО, за потоа го презеде ОЈО за организиран криминал и корупција.

Предметите на СЈО тема на нова аудио „бомба“ за Заев

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е во бегство, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.