Лидерите на ЕУ повикаа на итен прекин на борбите меѓу ерменските и азербејџанските сили околу отцепениот регион Нагорно-Карабах, поради загриженоста дека конфликтот може да прерасне во целосна војна во која би можело да се вклучат и регионалните сили. „Загубата на животите и страдањата на цивилното население се неприфатливи. Не може да има воено решение за конфликтот, ниту какво било надворешно мешање “, соопшти Европскиот совет во изјавата по самитот во Брисел.
Франција, Русија и САД повикуваат на мир во Нагорно Карабах
ЕУ соопшти дека ги поддржува копретседавачите на таканаречената Група Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа која се обиде да посредува во конфликтот уште од раните 90-ти. Во својство на копретседавачи на таа група, Франција, Русија и Соединетите држави повикаа на итен прекин на непријателствата меѓу силите што се борат над Нагорно Карабах. Триото исто така ги повика лидерите на Ерменија и Азербејџан „без одлагање да се посветат на продолжување на суштинските преговори, со добра волја и без предуслови“.
Советот за безбедност на ОН повика да престанат борбите околу Нагорно-Карабах
Ерменските и азербејџанските сили покажаа мала подготвеност да ги запрат борбите откако избувнаа на 27 септември. Повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и многу цивили, се убиени во тешки судири - вклучително и употреба на вооружени беспилотни летала, тенкови, хеликоптери и ракетни системи - долж поголем дел од линијата што ги раздвојува етничките ерменски сили кои го контролираат Нагорно Карабах од трупите на Азербејџан.