Фридом Хаус: Демократијата под блокада

илустрација

Пандемијата на ковид-19 ја продлабочи кризата на демократијата низ целиот свет, обезбедувајќи покритие за владите да ги нарушат изборите, да ги замолчат критичарите и печатот, и да ја поткопаат одговорноста потребна за заштита на човековите права, како и на јавното здравје. Ова се наведува во најновиот извештај на Фридом хаус „Демократија под блокада“, изработен во партнерство со анкетната компанија GQR.

Северна Македонија со подобри оценки во извештајот на Фридом хаус

Од почетокот на епидемијата на коронавирус, состојбата на демократијата и човековите права се влоши во 80 земји, со особено нагло влошување на слабите демократии и високо репресивните држави. Повеќе од 60 проценти од испитаниците предвидоа дека влијанието на пандемијата врз политичките права и граѓанските слободи во нивните земји ќе биде претежно негативно во следните три до пет години