Добрососедските односи не ги измислува Бугарија и тие се основен европски услов и критериум за членство во ЕУ. Северна Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
„Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Многу пати апелиравме да се вратиме на спроведувањето на договорот. Веќе има контакти меѓу членовите на Мешовитата комисија за историски прашања. Нејзината работа беше суспендирана пред една година, еднострано од Скопје“, тврди шефицата на бугарската дипломатија.
На прашањето за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ, Захариева вели дека се уште трае процесот на дискутирање на преговарачката рамка во европските работни групи и истата не е дојдена ни на ниво на амбасадори.
Каракачанов: Ќе кажеме НЕ за меѓувладина седница со Северна Македонија
Османи - Меморандумот на Бугарија отстапува од принципите на Договорот
Захариева очекува нејзиниот македонски колега Бујар Османи да ја посети Софија следната недела. Таа додава дека никој не може да ја предаде својата историја и поентата е да не ја предадеме иднина, пренесува БГНЕС.