Претседателот на САД Доналд Трамп денеска го потпиша законот за буџет за привремено финансирање на владата до 11 декември, спречувајќи ја заканата од таканареченото „затворање“, на работата на федералната влада поради недостаток на државно финансирање. Предлог-законот беше усвоен со убедливо мнозинство во Сенатот синоќа, со 84 гласа „за“ и 10 „против“. Текстот беше поддржан од двете партии по договорот постигнат во минатата недела од демократите и републиканците во Сенатот и Белата куќа.
Долниот дом на Конгресот одобри привремен буџет на САД
Текстот претходно беше усвоен од Претставничкиот дом, каде мнозинството се демократи. Новата фискална година започнува на 1 октомври. Овој закон, наречен „тековна резолуција“ ја одржува работата на секоја федерална агенција на сегашното ниво финансирање до 11 декември, значи и по претседателските избори на 3 ноември, што може да го промени рамнотежата на силите во Вашингтон.