Европската комисија ги критикуваше реформите во судството од страна на унгарската и полската влада како „главен извор на сериозна загриженост“. ЕК ја даде својата проценка во својот прв извештај за неуспесите во владеењето на правото во Унијата ден пред да се соберат 27 лидери на ЕУ на дводневен самит во Брисел. Во извештајот се вели дека Унгарија е меѓу земјите-членки каде што „насоката на промена предизвика сериозна загриженост за влијанието на реформите врз независноста на судството“, додека „реформите во Полска од 2015 година се главен извор на контроверзии“.
Унгарија и Полска основаа Институт против идеолошката репресија од Брисел
Варшава и Будимпешта во повеќе наврати се судрија со лидерите на ЕУ во врска со нивните потези за зголемување на државната контрола врз судството, медиумите, невладините организации и академските институции. Извештајот се осврнува врз системите на правдата, антикорупцијата, слободата на медиумите, како и други контроли. Во него се вели дека во Унгарија, гонењето за корупција на високо ниво „останува многу ограничено“, додека отсуството на законска регулатива и транспарентноста во дистрибуцијата на државното рекламирање и ги отвори вратите на Владата „да изврши индиректно политичко влијание врз медиумите“.
Радев нема да формира нова партија во Бугарија
Бугарија и Романија се исто така меѓу земјите критикувани во извештајот за недостатоци во обезбедувањето независност на судството.