Средношколците прифаќаат онлајн настава, но на краток рок

Бленди Ходаи, претседател на Сојуз на средношколци

Средношколците ќе почнат со онлајн настава, но само до моментот до кога ќе се подобри епидемиолошката слика во државата, изјави денеска лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи. Средношколците сакаат комбиниран модел на настава доколку се подобри состојбата со заразени од ковид-19.

Доколку тоа не се случи во ноември, ние ќе ја бојкотираме наставата. Ова не треба да се сфати како компромис со Владата, туку јасно барање на средношколците“, рече Ходаи пред Министерството за образование.

Средношколците бараат комбинирана настава, а одржаа и протест на крај на август.

Учебната година поради пандемијата почнува на 1 октомври. Ќе се одвива главно онлајн. Учениците од прво до трето одделение, доколку нивните родители дозволат, како и некои стручни училишта или училишта со помал број ученици ќе учат во училиштата, додека останатите ученици ќе следат онлајн настава.