Управниот суд ја отфрли тужбата на „Еуростандард банка“ во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, со кое банката оди под стечај.
Во образложението на одлуката на Судот се наведува дека за Еуростандард банка е отворена стечајна постапка и согласно Законот за стечај и Законот за трговски друштва е извршена промена на податоците во Централниот регистар и единствено овластено лице е стечајниот управник Душко Тодевски кој има овластувања да ја застапува банката во правниот промет. Па затоа Уставниот суд ја отфрла тужбата на тужителите поради непостоење на активна легитимација. Судот го отфрла и барањето за донесување на времена мерка за одложување на решението од Народна банка, како беспредметно.
Народната банка во август ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните услови за работа. При крајот на август беше отворена стечајна постапка, а од Фондот за осигурување на депозити најавија дека ќе бидат обештетени депозитите. Дел од оштетените граѓани формираа здружение и за утре најавија протест пред Собранието. Преку оваа банка се вршеше и платниот промет на АД „Пошта“ поради што во тек е постапка за избор на нова банка преку која „Пошта“ ќе го врши платниот промет.