Од почетокот на летната сезоната во Грција се потврдени 1405 случаи на ковид 19 кај странски државјани. Албанските државјани и понатаму се први на листата странски посетители во Грција со најголем број потврдени случаи на ковид-19 во периодот од 1 јули до 27 септември, според официјалните податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција.
Во конкретниот временски период Грција ја посетиле 4.327.654 лица, а биле направени 569.212 тестови на влезните точки во земјата и потврдени 1.405 позитивни случаи на ковид-19.
Најголемиот број заразени лица, 1.034 се регистрирани на аеродромите, 343 на копнените граници, а 28 на пристаништата.
Позитивни биле 203 државјани на Албанија, 181 посетител од Франција, 107 од Бугарија, 95 од Романија и 87 туристи од Чешка кои ја посетиле Грција.
Во Грција пак од почетокот на епидемијата заклучно со вчера, се направени вкупно 1.296.795 тестови, регистрирани се 18.123 случаи на Ковид-19, а починаа 388 лица.