Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија на коронавирус и препорача строго почитување на мерките за заштита и на протоколот при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот, како што информираат оттаму, е обврска на вршителите на дејноста.
Владата одобри и организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија. Оваа одлука Владата, според соопштението, ја донела во координација со Главниот кризен штаб и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести.
Владата ја прифатила и препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со ковид-19.