Осомничениот за нападот со нож во Париз сакал да го запали Шарли Ебдо

Една од жртвите на нападот на 25 септември во Париз.

Француското обвинителство соопшти дека пакистанскиот државјанин кој е обвинет за нападот на две лица со нож во поранешните канцеларии на Шарли Ебдо на 25 септември не знаел дека сатиричното списание се преселил.

Обвинителот Жан Франсоа Рикар изјави дека осомничениот за да го спроведе, како што рече француската влада, актот на „исламистички тероризам“ носел три шишиња со разредувач за боја со кои планирал да ги запали просториите на списанието.

Според него, мажот кој се идентификувал како Хасан А. има 18 години и е роден во Пакистан, а дејствувал под лажно име. Жртвите, маж и жена кои работеле во телевизиска продукција, беа сериозно повредени во нападот.

Дванаесет лица беа убиени во 2015 година во канцеларијата на Шарли Ебдо, како одмазда за објавувањето на цртаните карикатури кои го исмеваа пророкот Мухамед.

По нападот, списанието го премести седиштето на непозната локација. Списанието повторно објави дел од цртаните карикатури овој месец за да го означи почетокот на судењето на 14 лица со наводни врски со убијците.