Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска информираше дека од отворањето на градинките до сега само една ваква установа за згрижување е затворена поради Ковид-19, но дека и таа ќе биде отворена утре.
„Од отворањето на градинките досега 47 деца и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19. Затворана е само една градинка во општината Чешиново - Облешево и таа ќе биде отворена утре“, изјави денеска министерката Шахпаска.
Со отворањето на градинките беше донесена и одлука за враќање на родителите на продолжено породилно назад на работа, што предизвика револт кај поголемиот дел од тие родители. Тие од Владата побараа продолжување на рокот за враќање на работа за да имаат време за прилагодување и да најдат згрижување за нивните деца. Тие тврдеа дека во градинките нема место, наспроти тврдењата на министерката Шахпаска дека во градинките има над 4000 слободни места.