Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19, а починале осум пациенти. Новозаразените се регистрирани во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти, а во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г)“, соопшти МЗ.
- За 24 часа регистрирани 593 прекршоци за неносење маска за лице
- Над милион починати од коронавирус во светот
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.