Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани 593 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19. Казната за непочитување на протоколот и мерките за носење заштитна маска изнесува 20 евра.