Унгарските и полските власти објавија дека формирале Институт за борба против „Либералната идеолошка репресија“ од Брисел, откако се заканија дека ќе го блокираат планот за закрепнување на Европската унија, поради најавените субвенции поврзани со владеењето на правото во земјите-членки на Унијата.
„Заедничкиот институт ќе ги собере правните знаења потребни за да се доведе во прашање либералната идеолошка репресија од Брисел“ рече министерот за надворешни работи на Унгарија Пeтер Сијарто по средбата со полскиот колега Збигњев Рау.
Орбан: Се надевам дека Трамп ќе победи
Улогата на институтот ќе биде да испита дали Будимпешта и Варшава се жртви на „двојниот стандард“ на европските институции, изјавија министрите, чии земји се во конфликт со ЕУ за поделба на власта и основните слободи. Сијарто рече дека Полска и Унгарија биле критикувани во ЕУ поради „патриотската политика“ што ги привилегира националните интереси. Според него, двете земји ја отфрлаат реформата на азил за мигрантите предложена од ЕУ, додека Европскиот парламент бара распределбата на субвенциите во рамките на планот за економско закрепнување да биде условена со почитување на владеењето на правото, особено алудирајќи на Унгарија и Полска.
Двете земји се заканија дека нема да се согласат со планот на ЕУ, кој мора да биде одобрен од сите земји на ЕУ.