САД може да ја затворат амбасадата во Багдад

американската амбасада во Багдад

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп може да ја затвори амбасадата во Ирак ако владата не преземе чекори за да ја заштити од напади. Државниот секретар Мајк Помпео, му соопшти на премиерот Мустафа ал-Кадими за плановите за повлекување за време на телефонскиот разговор на 26 септември, објавија американските новински агенции. Официјално соопштение не е објавено. Соединетите држави ги обвинија милициите поддржани од Иран за истрелување ракети кон амбасадата која се наоѓа во силно утврдена зона во Багдад.

Меѓународните сили се повлекоа од воена база во Ирак

Американската војска води коалиција која се бори со Исламската држава во Ирак и Сирија од 2014 година. Демонстрантите поддржани од Иран упаднаа во американската амбасада во Багдад на новогодишната ноќ по воздушните напади на коалицијата против цели на милицијата во Ирак неколку дена претходно. САД ги обвинија ирачките безбедносни сили дека им дозволиле на демонстрантите да минуваат безбедносни контролни пунктови.