Прва дебата Трамп-Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден денеска ќе ја имаат својата прва дебата, пет недели пред претседателските избори во САД. Бајден, според медиумите во САД, држи нова муниција по откритијата за даночното затајување на претседателот. Деталите за плаќањата на данокот на доход на Трамп се очекува да бидат главно прашање за време на дебатата во траење од 90 минути, откако тие излегоа на виделина на 27 септември во истражувачкиот извештај на Њујорк Тајмс.

„Њујорк тајмс“: Трамп платил 750 долари данок на приход во 2016 и 2017

Весникот, кој набави копии од даночните пријави на претседателот, наведува дека Трамп не платил федерални даноци во изминатите 17 години затоа што пријавил дека изгубил повеќе пари отколку што заработил и користел даночни намалувања и даночни кредити за деловни активности за да ги намали даночните обврски. Весникот наведува дека тој платил само 750 американски долари данок на доход во 2016 и 2017 година и немал федерален данок на доход во 10 од 15 години пред тоа.

ФБИ: Русија многу активно се обидува да влијае врз изборите во САД

Кампањата на Бајден веќе го искористи проблемот со даноците на видео во кое се појавуваат обични луѓе како што се наставници, пожарникари и медицински сестри, што покажува дека тие и плаќаат илјадници долари годишно на американската влада, за разлика од нивните претседател. Трамп ја отфрли истрагата за Њујорк Тајмс како „лажна вест“ и на Твитер напиша дека платил „многу милиони долари данок, но имал право, како и секој друг, на амортизација и даночни кредити“.