Вонредна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно Карабах, каде што дојде до конфликти меѓу ерменските и азербејџанските безбедносни сили, ќе се одржи денеска на барање на европските земји, изјавија дипломатски извори за АФП. Германија и Франција ја покренаа иницијативата, но таа беше поддржана и од Естонија, Белгија и Британија, соопштија синоќа истите извори, додавајќи дека седницата ќе биде зад затворени врати.
Жестоки судири во Нагорно Карабах
Според последниот биланс, во неодамнешниот конфликт загинаа најмалку 67 лица. Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно Карабах, област со мнозинско ерменско население, која беше припоена кон Азербејџан за советската ера.
Турција - Ерменија да ги прекине провокациите кон Азербејџан
Во судирите за контрола на Нагорно Карабах помеѓу 1988 и 1994 година загинаа 30.000 луѓе, а стотици илјади избегаа. Примирјето беше потпишано во 1994 година, но Баку и Ереван не се согласија за правниот статус на спорната област, која сè уште официјално е дел од Азербејџан. Оттогаш, во оваа област повремено избувнуваат конфликти. Областа се наоѓа помеѓу Иран, Русија и Турција.