Бугарскиот претседател Румен Радев денеска стави вето врз измените на Изборниот законик. Според него, изборните измени даваат можност за фаворизирање на победата на владеачката партија на претстојните избори. Тој го критикуваше гласањето со гласачки ливчиња, паралелно со машинското, бидејќи законот експлицитно вели дека гласањето мора да биде машинско.
„Сите измени во Изборниот законик имаат јасна цел да гарантираат официјална победа на владејачката партија на претстојните избори, нанесувајќи уште еден удар врз правната структура на нашата земја. Тие отстапуваат од јасните законски одредби и создаваат предуслови за сомнежи во правичноста на изборите и за нивно оспорување“ изјави претседателот Радев во обраќањето до нацијата.
Трите месеци протести на кои се бараше оставка се доказ за длабоката криза во демократијата, а изборите се основа на секоја демократија и како ќе се движиме напред зависи од нивната искреност и транспарентност, коментира Радев.