Јанакиевски:Ме судат за шамари кои не се случиле

Ме судат за шамари кои не се случиле, изјавил денеска во Основниот суд Скопје 1 обвинетиот Миле Јанакиевски за предметот „Насилство во општина Центар“ познат во јавноста како „Шамарите за Жерновски“. По пет часа давање на завршен збор на одбраната и на Јанакиевски, заврши судскиот процес. Соопштувањето на пресудата е закажано за утре напладне( вторник 29 септември).

Јанакиевски во судницата тврдеше дека е жртвено јагне и дека е само перцепција оти тој му бил најблизок соработник на Груевски. Дополнително Јанакиевски се пожали дека поради бегството на Груевски, сега цената ја плаќа тој.

„Факт е дека откако Груевски не е присутен во Македонија, голем дел од медиумскиот и политички притисок е врз мои плеќи, затоа против мене се водат 8 постапки и секој ден сум на суд…Дали е потребно да се најде жртвено јагне за да се понесе одговорноста за нечии постапки? Рангелова е ослободена, Лазаров призна вина, Груевски си замина и што останува? Миле Јанакиески да биде огласен за виновен за некој да може да поентира дека победила правдата,“ изјавил Јанакиески во Судот.

Рангелова - Со Мицкоски да се пресметаме „очи во очи“

Фетаи: Најстроги казни за Груевски и Јанакиески за „Насилство во Центар“

Тој тврди дека, според податоците од СЈО, има над 80 000 прислушувани разговори од него и во завршните зборови посочи дека во јавност се објавувале селектирани „бомби” во последните пет години, а со тоа се стигматизирал неговиот лик и била создадена перцепција дека е криминалец и насилник.