Белоруската полиција привела стотици демонстранти и употребила солзавец и шок бомби за да ги разбие протестите кои 50 дена по ред се случуваат во Минск против Александар Лукашенко. Министерството за внатрешни работи соопшти дека над 350 демонстранти се приведени со што вкупниот број на приведени се искачи на околу 500 приведени. Над 12 илјади луѓе се приведени од почетокот на протестите минатиот месец, покажуваат податоци на невладини организации.
Во главниот град околу 100 илјади демонстранти ги преплавија улиците веејќи црвено – бели знамиња како дел од протестите против прогласувањето на победа Александар Лукашенко на претседателските избори на 9 август за кои белоруската опозиција и западните земји тврдат дека се наместени. Демонстранти беа приведувани и во другите градови во источниот дел на Белорусија.