Грчката полиција поднела кривични пријави против припадници на невладини организации обвинувајќи ги дека се дел од мрежата што им помагала на мигрантите нелегално да стигнат на Лезбос. Кривичните дела за кои се товарат е формирање на криминална организација, шпионажа, издавање државни тајни и прекршување на Кодексот за миграција . Станува збор за 35 луѓе од кои 33 се странски државјани од кои четворица се членови на невладини организации.
Балканска мигрантска рута - огради и шверцери
Грчката полиција, спровела повеќемесечна истрага во соработка со Националната разузнавачка служа и со помош на повеќе сектори од полицијата, меѓу кои и оној за борба со тероризам, по што произлегле и организираните активности на конкретната мрежа на криумчари вмешана во најмалку 32 случаи.
„Инволвираните имајќи ја како изговор нивната хуманитарна активност, им обезбедуваа на бегалските бранови од Турција информации и податоци од доверлив карактер, преку затворени групи и апликации на интернет,“ соопштиле од грчката полиција, јавува МИА.
Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис за целиот случај рече дека „намалувањето на бегалските бранови и улогата на одредени НВО веќе со месеци е основен приоритет на сите инволвирани власти.