Одбраната на Јанакиевски бара ослободителна пресуда за „Шамарите за Жерновски“

Насилните протести пред општината Центар

Одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески побара ослободителна пресуда за него во случајот „Насилство во општина Центар“ познат во јавноста и како „Шамари за Жерновски.“ Во завршниот збор, адвокатите го оспорија делот од обвиниението дека Јанакиески е човек од доверба на прво обвинетиот Никола Груевски кој пребега.

„Доколку мене некој ми верува и сум му негов најблизок соработник и човек од најголема доверба, сигурно нема да ме проверува преку снимање на моите разговори а тоа таму се тврди дека оди преку УБК но не е потврдено, не е докажано“, рече Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиески.

Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи, според него, не постојат докази, а доколку не го стори тоа ОЈО судот да донесе ослободителна пресуда.

Хронологија на „Шамарите за Жерновски“

Судењето за „Шамари во Центар“ започна пред речиси четири години. Двајца обвинети признаа вина, еден е условно осуден, а против Даниела Рангелова обвинението е повлечено.