За 24 часа 643 прекршоци за неносење заштитна маска за лице

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 643 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Казната за неносење лична заштита за лице во јавни затворени простории, согласно мерките и протоколите за заштита од ширење на коронавирусот, изнасува 20 евра.

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.