Властите во регионот Нагорно-Карабах воведоа воено законодавство поради ескалацијата на конфликтот со Азербејџан, јавуваат светските агенции. Ерменските медиуми објавија дека претседателот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Арајик Арутјунјан, објавил дека е воведено воено законодавство.
„Почнавме да ги мобилизираме сите граѓани на возраст над 18 години. Во земјата е прогласена воена состојба“, соопштил тој.
Претходно агенциите информираа дека Ерменија и Азербејџан започнале судири околу регионот Нагорно-Карабах. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Азербејџан извршил воздушен и артилериски напад, но ерменските сили возвратиле со уривање на два хеликоптера и три дрона.
Путин и Ердоган разговараа за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан
Убиен азербејџански војник на границата со Ерменија
Азербејџан соопшти дека Ерменија започнала огромна акција за гранатирање долж линијата на фронтот. Долготрајниот конфликт повторно се разгоре во последните месеци, а во борбите на границата само во јули загинаа 16 лица.
И Ерменија и Азербејџан беа дел од Советскиот сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците. Последен пат тензиите ескалираа во 2016 година, кога земјите четири дена војуваа за оваа територија.