Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј ги обвини западните држави за мешање во внатрешните работи на земјата со цел да предизвикаат „хаос и анархија“за време на повеќенеделните протести по спорните претседателски избори минатиот месец.
„Гледаме обиди за дестабилизација на ситуацијата во земјата. Мешањето во нашите внатрешни работи, санкциите и другите ограничувања на Белорусија ќе имаат спротивен ефект и се апсолутно штетни за сите “, рече тој во видео изјава пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Продолжуваат протестите против Лукашенка
Соединетите Држави, Европската унија, Велика Британија и Канада се очекува наскоро да воведат санкции кон Белорусија за насилните акциии против демонстрантите по претседателските избори на 9 август, за кои се смета дека се наместени за Александар Лукашенка да може да добие шести мандат на власт. Под зголемениот притисок од протестите и Западот, Лукашенка побара од соседна Русија политичка и економска поддршка.
Лукашенка е на власт од 1994 година, а беше инаугуриран на 23 септември во тајна церемонија што ги натера членките на ЕУ и САД да дадат изјави дека не го признаваат неговиот легитимитет.