Радев нема да формира нова партија во Бугарија

Румен Радев, претседател на Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев нема намера да почне нов политички проект во земјата, бидејќи неговата цел е да ги поддржи оние проекти и партии кои работат за доброто на народот. Тој меѓудругото, денеска даде свој коментар за повеќе актуелни теми, меѓу кои и скандалот со фотографиите од куќата на премиерот Бојко Борисов, поплаките од новинарите за немањето пристап до пратениците во новата зграда на Националното собрание, како и за своите политички намери.

Радев: Бугарите сакаат безусловна оставка од Владата

Радев го осудува насилството врз полицијата, но и нејзиното однесување кон граѓаните

Радев категорично изјави дека нема да создаде нов политички проект, бидејќи ја поддржува секоја партија која ги брани интересите на народот.

„Се повеќе граѓани и организации го препознаваат претседателот како важен фактор за вистинските промени во земјата. И се повеќе различни партии, здруженија и организации изразуваат поддршка за позициите и ставовите на претседателот. Долго време кажувам дека ја поддржувам секоја организација, партија, движење чиј приоритет е бугарскиот народ, а не тесниот партиски интерес. Така ќе продолжам да ги поддржувам“, изјави Радев, а пренесе БНТ.