Седумина приведени за нападот со нож во Париз

илустрација

Седум лица се приведени поради сомневање за вмеаност во нападот со нож вчера во Париз. Две лица се сериозно повредени во нападот, кој се третира како терористички акт, изјави францускиот министер за внатрешни работи Ералд Дарманин. Нападот се случи во близина на поранешната канцеларија на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ , а според полицијата тој е „очигледно чин на исламистички тероризам“.

Еден човек со пакистанско потекло, опишан како првоосомничен, беше уапсен во близина на местото на настанот.

Жртвите, маж и жена кои работеле во телевизиската продукција, биле сериозно повредени со нож од типот мачета, соопшти полицијата. Премиерот Жан Кастекс пред новинарите изјави дека нивниот живот не е во опасност.

Истрага за тероризам по нападот со нож во Париз

Нападот се случи додека е во тек судењето на 14 лица обвинети за соучество во нападот врз просториите на Шарли Ебдо во јануари 2015 година, кога беа убиени 12 лица. Списанието оттогаш се пресели на тајна локација.

Во интервју за Франс 2, Дарман го опиша нападот со нож како „нов крвав напад врз француската земја и новинари.

"Тоа е улицата на која се наоѓаше Шарли Ебдо. Ова е начинот на кој дејствуваат исламистичките терористи", изјави шефот на француската полиција.