Николовски - Маричиќ: ГРЕКО вели напредуваме против корупцијата

Вицепремиерот Љупчо Николовски

Вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан маричиќ денеска информираа дека „новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Северна Македонија.

„Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас како држава и Влада. Телото на Советот за Европа, ГРЕКО, на вчерашната пленарна седница нотираше значаен и суштински напредок во делот на исполнување на препораките во четвртиот круг на евалуација. Станува збор за 19 препораки кои беа објавени во 2014 година и се однесуваат на спречување корупција во Парламентот, судството и обвинителството“, рече вицепремиерот Николовски.

Според министерот за правда, Маричиќ, сега Северна Македонија е чекор поблиску до ЕУ, но сепак работата не завршува тука и има уште многу да се сработи.