Американската НАСА го објави планот „Артемис“ за испраќање луѓе на Месечината во 2024 година, за првпат по „Аполо 17“ во 1972 година, соопшти Агенција и додаде дека во мисијата ќе има двајца астронаути, од кои - една жена.
Тие ќе се упатат кон Месечината во капсулата „Орион“, која ќе биде прикачена на моќна СНЛ ракета. Од НАСА соопштуваат дека сè оди според предвиденото уште од најавата на мисијата во јули 2019 година.
НАСА не го соопшти името на астронаутката, а во моментов има 17 обучени астронаутки на располагање. Ова патување на Месечината ќе чини 28 милијарди долари, а мисијата е планирана за 2024 година.