Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно одби да се обврзе на мирен трансфер на власта доколку ги загуби претседателските избори на 3 ноември.
„Па, ќе треба да видиме што ќе се случи“, рече Трамп на синоќешната прес-конференција, одговарајќи на прашање дали би се обврзал на мирен трансфер на власта.
Трамп исто така пред 4 години одби да се обврзе на почитување на изборните резултати ако победи неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон.
Синоќа претседателот Трамо рече и дека верува оти изборниот резултат може да заврши во Врховниот суд на САД.
„Знаете дека многу силно се жалев на гласачките ливчиња, а гласачките ливчиња се катастрофа“, рече американскиот претседател и додаде дека верува оти изборниот резултат може да заврши во Врховниот суд на САД, бидејќи тој повторно се сомнева во гласањето по пошта, иако повеќе држави го охрабруваат гласањето преку пошта, повикувајќи се на потребата да се заштитат Американците од коронавирусот.