Русија соопшти дека не им дала нови рокови на САД во разговорите за новиот Договор за стратегиско оружје (Нов СТАРТ), кој е последниот преостанат билатерален пакт за нуклеарно оружје, но дека не може да има никакво прекинување на дискусиите, бидејќи времето истекува.
Заменик министертот за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва гледа минимални шанси за продолжување на договорот со оглед на условите што ги постави Вашингтон.
САД соопштија дека сакаат било кој нов договор за контрола на нуклеарното оружје да ги опфати сите видови боеви глави, да има посилни мерки за проверка и транспарентност и во тоа да биде вклучена и Кина, потег кој Пекинг го отфрли.
Рјабков за предусловите на САД рече дека се „лишени од привлечни елементи.“
Рјабков зборуваше откако специјалниот претседателски пратеник за контрола на оружје Маршал Билингслеа за весникот „Комерсант“ изјави дека Москва мора да прифати заеднички договор со Вашингтон за продолжување на договорот пред претседатлските избори во САД во ноември.
„Се сомневам дека откако претседателот Доналд Трамп биде реизбран, доколку Русија не ја прифати нашата понуда, дека цената на приемот, како што велиме ние во САД, ќе стане повисока“, рече Билингслеа.
Рјабков рече дека таквата позиција претставува ултиматум и дека ги намалува шансите за постигнување на било каков договор за продолжување на договорот.
Разговори меѓу САД и Русија за контрола на нуклеарното оружје
Русија соопшти дека е подготвена за продолжување на Новиот СТАРТ без предуслови и предупреди дека нема многу време за повторно преговарање за комплициран нов договор.
Новиот СТАРТ, кој го ограничува бројот на распоредени нуклеарни боеви глави со долг дострел коишто може да ги има секоја земја, истекува во вефруари, освен доколку двете страни се договорат да го продолжат за пет години.
Неколку рунди разговори меѓу двете страни се оджаа во текот на летото без напредок за можно продолжување на договорот.