Министерството за одбрана на Србија ги отстрани од архивата на вести на официјалната веб-страница сите информации за активностите пред 30 јуни 2017 година, кога Александар Вулин застана на чело на тоа Министерство, така што не е можно да се најдат вести во архивата дури и од периодот кога шеф на Министерството за одбрана беше сегашниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, јави агенцијата БЕТА.
Најстарата вест во пребарувањето на сајтот е од 30 јуни 2017 година, а станува збор за информацијата дека Вулин ја презел должноста министер за одбрана од Зоран Ѓорѓрвиќ. Кога пребарувате по клучни зборови, на пример „Александар Вучиќ“, првите вести што го споменуваат името на претседателот исто така датираат на 30 јуни 2017 година, а сите подоцнежни вести главно се однесуваат на ситуации во кои Вулин го споменува Вучиќ или настани во кои биле присутни заедно.
Агенцијата БЕТА јавува дека порталот Нова економија наведува дека слична ситуација се случила и со веб-страницата на Министерството за финансии.