Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата на членовите на Централниот комитет на партијата изјави дека предложил свикување на вонреден конгрес на кој тој не би се кандидирал. Членовите на Централниот комитет, како што посочи тој, едногласно го одбиле неговото барање и таквиот предлог.
„Со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам со раководењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.
Избран е и новиот состав на Извршниот комитет, а негови потпретседатели се Александар Николовски и Владо Мисајловски, а членови се Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Дафина Стојановска, Олга Лозановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошевски.
Поради лични причини, како што инфомираше Мицкоски од функцијата генерален секретар се повлекол Игор Јанушев. Во новиот состав на Извршниот комитет ќе влезат и новиот генерален секретар, како и новиот претседател на Унија на жени и новиот претседавач на Унијата на ветерани. Мицкоски посочи и дека партијата ќе продолжи и натаму со протестите.