Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе одржи седница за избор на Извршен комитет на партијата. Според партиското соопштение, новиот Извршен комитет ќе има помалку членови од актуелниот и ќе содржи неколку нови имиња.
Новиот извршен комитет е дел од пакетот промени кои ги најави и почна највисокото актуелно партиско раководство. По изгласувањето на новиот Статут, ВМРО-ДПМНЕ избра нов Претседател и нов Извршен комитет на УМС, распиша оглас за избор на нов Претседател на Унијата на жени, а во меѓувреме беа назначени и нови претседатели во дел од општинските комитети.