Утре почнува изборот на заменици министри

Влада на Република Северна Македонија

Седницата за избор на замениците министри во Владата на Северна Македонија е закажана за утре во 11 часот, откако во петокот Владата го достави списокот со кандидатите, стои во соопштението на собраниските служби, објавено на интернет страницата на Парламентот.

За заменик министер воМинистерството за одбрана е предложен Башким Хасани, во МВР Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу. Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи. Во Министерството за финансии заменик на министерот Фатмир Бесими треба да му биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е Зоран Маневски.

Во ресорот земјоделство за заменик е предложен Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство. Доктор Илир Хасани е предлогот за заменик-министер во Министерството за здравство. Арафат Шабани е предложен во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.