Државна делегација на САД, предводена од извршниот директор на Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), Адам Белер, од денеска до петок ќе ги посети Косово, Србија Грција и Израел за да промовира економска соработка и развој, објави ДФЦ во Вашингтон. Како што јави МИА од Белград, Белер е придружуван од специјалниот советник на претседателот на САД за Србија и Косово, амбасадорот Ричард Гренел и други функционери на САД задолжени за енергетиката и трговијата. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи владини претставници и лидери на приватниот сектор.
Патувањето е „продолжение на историскиот договор“ меѓу Израел, Велика Британија и Бахреин и „договорот за економска нормализација на Србија и Косово“, се наведува во соопштението.
ДФЦ банката за развој на САД, „ги олеснува инвестициите во приватниот сектор и нуди принципиелно финансирање како алтернатива на авторитарните режими“, се објаснува во текстот.