Родилка и нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија, информираат од Клиниката. Од таму велат дека трудница која имала 40 години била примена во приемната амбуланта на Клиниката на 18 септември, со образложени дека е дојдена да ја види состојбата на нејзиното бебе. Од Клиниката соопштуваат дека трудницата не знаела во која недела е бремена и нејзината бременост не била контролирана, односно ова и бил втор преглед за време на бременоста. Ова на починатата трудница и била 11 бременост, има четири живородени деца и шест прекинати бремености.
По направениот преглед и било речено дека прегледот треба да и се повтори за два часа, а и било сугерирано и да не се оддалечува на подолго време. Таа се вратила подоцна и рекла дека била во својот дом, каде што прокрвавела.
По прегледот било утврдено дека плодот е мртов. Потоа и биле земен брис за ковид-19 и крв за да и се утврди крвната група, која не била позната. Трудницата побарала стерилизација и откако нејзиното семејство од страна на лекарите било информирано дека бебето е изгубено, дека таа обилно крвави поради што мора итно да биде оперирана, дежурната екипа итно влегла со пациентката во сала. И била извршен царски рез и било утврдено дека постелката и е целосно одвоена од матката. По операцијата продолжило влошувањето на состојбата, било одлучено да и се направи ревизија, но, како што наведуваат и покрај сите напори да и се спаси живот, пациентката вчера попладне починала, наведуваат од Клиниката.
Оттаму посочуваат дека внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК го испитува случајот, а од утре ќе го разгледува и Комисија формирана од Министерството за здравство.