По 35-40 деца годишно се разболуваат од рак во Македонија

Волонтери пуштија петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од рак.

По 35 до 40 деца во Македонија годишно се дијагностицираат со малигни заболувања, рече денеска директорката на Клиниката за детски болести, Наташа Најдановска – Алулоска на настанот „Убаво е да си херој“. Настанот се организираше на централниот плоштад во Скопје, а волонтери пуштија петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигни болести.

Директорката вели дека 40 отсто до децата дијагностицирани со малигно заболување имаат леукози.

Настанот беше организиран од невладината организација САНО и Универзитетската клиника за детски болести. „Златен септември“ е глобална кампања за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти и проблемите со кои се соочуваат, со цел јавноста подобро да ја разбере болеста и да ги ослободи децата од предрасуди, истакнаа од Клиниката за детски болести.