Владата во име на премиерот Зоран Заев, денеска до Собранието ја достави листата со предлози за заменици-министри во Владата на Северна македонија, соопшти владината прес-служба на интернет страницата на Владата.
За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат: Башким Хасани за заменик министер за одбрана, Назим Буши за заменик министер во МВР, Агим Нухиу за заменик министер за правда, Фатмире Исаки за заменик на министер во МНР, Димитар Ковачевски за заменик министер во Финансии, Зоран Маневски за заменик министер во Економија, Трајан Димковски во Земјоделие и Илир Хасани за заменик во Министерството за здравство, соопшти Владата.
За заменик министер во МОН е предложен Арафат Шабани, Енвер Хусејин во МТСП, Зоран Димитровски во Локална Самоуправа, Седат Сулејмани во култура, Александар Бајдевски, во Министерството за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи во Министерството за транспорт и врски и Христина Оџаклиеска за заменичка во Министерството за животна средина и просторно планирање.
Постапката за избор на замениците-министри во Владата продолжува во Собраниео и за нивни избор е потребно мнозинство од пратениците.