Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) и на Западен Балкан ќе се сретнат на 10 ноември на Самит во Софија, кога треба да биде усвоен планот за реализација на регионалната економска област.
Самитот во Софија се одржува во рамките на Берлинскиот процес, а со него претседаваат Бугарија и Северна Македонија. Последниот самит во рамките на Берлинскиот процес се одржа во 2018 година, во Трст.
Европската комисија (ЕК) соопшти денеска дека во моментов се развива и усогласува визијата за регионалната економска заедница на Западен Балкан и дека ќе биде подготвена за усвојување на самитот во Софија.
- Германија: Билатералните проблеми не треба да се во преговарачката рамка
- Дер Лајен: Западен Балкан е дел од ЕУ, а не етапа од Патот на свилата
„Планот треба да биде структуриран околу четири слободи и конкретни мерки што ќе донесат опипливи придобивки за компаниите и граѓаните во регионот. Овие вклучуваат намалување на прекуграничните банкарски такси, отстранување на техничките бариери за трговија, усогласување на политиките за инвестиции, признавање на професионалните квалификации низ целиот регион, поттикнување на е-трговија и слично“, соопшти ЕК.