Државата ќе гарантира за фирмите лесно да земат комерцијални кредити

Министерот за финансии, Фатмир Бесими

Со т.н. Државна гарантна шема, државата ќе гарантира за фирмите полесно да можат да земат комерцијални кредити во банките, соопшти денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со бизнисмените од Стопанската комора на Македонија (СКМ), соопшти Министерството за финансии.

„Државната гарантна шема треба да започне до крајот на годината“, најави министерот за финансии Бесими.

Според соопштението објавено на официјалната фејсбук страница на Министерството за финансии, со 10 милиони евра државна гаранција ќе се гарантираат неколкукратно повисока сума кредити и заеми за малите и средни претпријатија. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки.

На средбата во СКМ, Бесими посочи дека со оваа мерка ќе се подобри ликвидноста на компаниите, ќе се олесни можноста за компаниите да ги спроведуваат тековните активности, но и ќе се поттикне инвестициската активност, која е суштинска за раздвижување и ревитализација на економијата, соопшти Министерството за финансии.