Заев: Нова меѓувладина седница со Грција во зима

Премиерите на Грција и на Северна Македонија, Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев, во Атина, на самитот на „Економист“, 16 септември 2020

На зима, во зависност од развојот на пандемијата, во Атина ќе се одржи втората меѓувладина седница на Северна Македонија и Грција, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за МИА, за време на неговото учество на самитот на „Економист“ во Атина.

„Потпишување на договорот за избегнување на двојно оданочување, нешто што веќе со години го бараа бизнисмените, состанок на коморите меѓу двете земји во Скопје за трговските ознаки, соработка во низа области – економијата, енергетиката, инвестициите, се дел од следните чекори во македонско – грчките односи, вчера беа дискутирани и договорени“, вели Заев.

На прашањето дали неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис ќе дојде во Скопје, Заев вели дека „сепак Мицотакис беше против Преспанскиот договор“.

„Знаете дека господинот Мицотакис беше против Договорот од Преспа и тоа е ок, но за него, ставот е многу модерен и европски, таа е завршена работа, верификуван во нивниот, во нашиот Парламент, меѓународно потврден, дајте сега со договорот и со целиот позитивен амбиент да работиме понатаму“, вели Заев.