Во услови на страв од појава на коронавирус на островот Лезбос, грчките власти прават обиди да преместат илјадници мигранти во привремен капм, откако пред една недела во пожар изгоре преполнетиот мигрантски камп Мориа при што повеќе од 12.000 луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Сирија и од земји од Африка останаа без засолниште и соодветни санитарни услови, пристап до храна и вода, јавува МИА.
Мориа беше најголемиот грчки камп лоциран на островот Лезбос, каде преку море пристигнуваат бегалците и мигрантите.
Во пожарот немаше повредени лица, а тој избувна по воведувањето на мерки за карантин во кампот беа откриени случаи на заразени од коронавирусот.
Се подготвува новиот привремен камп на Лезбос, бегалците и мигрантите протестираат
Досега околу 1.200 лица привремено се преместени во објект во близина на пристаништето Митилена, каде можат да се сместат околу 5.000 лица.
Властите дистрибуираат летоци и испраќаат СМС пораки за да ги убедат мигрантите да се преселат во нови шатори, како што објавија официјални грчки претставници.
Луѓето кои се преселиле во новиот објек биле тестирани на Ковид -19 и досега било утврдено дека 35 лица биле позитивни.
Шест мигранти вчера биле упасени поради пожарот во кампот Мориа.