Во Индија, земјата која е на второ место во светот по бројот на заразени, бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус надмина пет милиони. Вкупно се инфицирани 5.020.359 лица, откако во последните 24 часа беа пријавени 90.123 нови случаи на инфекција.
Во оваа земја вирусот се шири побрзо отколку во која било друга во светот, со дневно зголемување на бројот на пациенти од 90.000. Повеќе од 80.000 луѓе починаа, а во извештаите се споменува недостиг на кревети и кислород во болниците.