Прво обраќање на претседателката на ЕК Лајен за состојбата во ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска во Европскиот парламент ќе го има нејзиното прво обраќање за состојбата во Европската унија. Главен акцент, според извори во Брисел, Лајен би требало да стави врз предлозите за светот по ковид-19. Таа ќе се осврне и врз состојбата со мигрантските кампови во Грција. Имено, Европската унија најави поголема вклученост во сместувањето на мигрантите и бегалците на грчките острови откако во минатата недела беше опустошен логорот Мориа на островот Лезбос.

Полицијата употреби солзавец против мигрантите кои протестираат на Лезбос

Вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека Европа треба да покаже практична солидарност со Грција за миграциското прашање. Пред самитот на ЕУ овој месец, на кој ќе се разговара за напнатоста на истокот на Средоземното Море, Мицотакис рече дека Атина е подготвена да влезе „веднаш“ во разговори со Анкара за поморските зони, ако Турција им стави крај на провокациите во регионот.