Неколкумина познати личности од САД велат дека ќе ги замрзнат своите сметки на Фејсбук и Инстаграм денеска, како дел од кампањата за спречување на ширењето омраза и пропаганда на платформите на социјалните медиуми. Меѓу славните кои изјавија дека ќе учествуваат во еднодневното замрзнување се холивудските актери Леонардо ди Каприо, Саша Барон Коен, Ким Кардашијан и Џенифер Лоренс. Кардашијан, која има 188 милиони следбеници на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, беше последната која го додаде својот глас на оние кои ги поддржуваат овие напори.
ЕУ се закани со мерки против говорот на омраза на интернет
Замрзнувањето го организира „Стоп за омраза за профит“, коалиција која го повикува Фејсбук да преземе „здрави разумни чекори за решавање на расизмот, дезинформациите и омразата“, што е споделен на неговата платформа. Компанијата за социјални медиуми со 2,7 милијарди корисници ширум светот е под притисок на активисти, влади и компании кои рекламираат на нејзините платформи за поостри активности за блокирање на промовирање на дискриминација, омраза и насилство. Кампањата „Стоп за омраза за профит“ доби поддршка на стотици големи компании во бојкотот на рекламирање на Фејсбук во јули. Фејсбук пријави квартална добивка од 5,2 милијарди долари на крајот на јули и покрај протестот.