Премиерот Зоран Заев, кој престојува во дводневна работна посета на Грција со владината делегација денеска ќе разговара со премиерот Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу. Заев во Атина учествува на 24-та тркалезна маса со грчката влада, организирана од магазинот „Економист“ за борбата против пандемијата со ковид-19 и нејзиното влијание врз глобалната и европската економија.
Заев во Грција: Имаме можност за трајно снабдување со природен гас
На панелот учествуваат и поранешните претседатели на Србија и Црна Гора, Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ, поранешниот премиер на БиХ Златко Лагумџија и спикерот на грчкиот парламент Дора Бакојани. Во македонската делегација се и вицепремиерите за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Заев ќе зборува на панел дискусија за Западен Балкан.