Гејтс: пандемијата го запре напредокот во глобалното здравство

Бил Гејтс

Пандемијата со коронавирус го запре напредокот на глобалното здравје и доведе милиони луѓе во опасност од фатални болести и сиромаштија, се вели во новиот извештај на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

„Како резултат на пандемијата, екстремната сиромаштија се зголеми за 7 проценти, а покриеноста со рутински вакцини паѓа на нивото што последен пат беше забележано во 90-тите години“, се вели во извештајот објавен на 15-ти септември.

Гебрејесус: Ковид-19 не е последната пандемија

Потпретседател на фондацијата Бил Гејтс вели дека тоа е голем чекор назад.

„Пандемијата КОВИД-19 не само што го запре напредокот, туку и го врати назад“, рече Гејтс во видео повик со новинарите.

Падот на стапките на рутинска имунизација во извештајот е опишан како „пресврт на светот за околу 25 години за 25 недели“. Исто така, се покажало дека пандемијата имала непропорционално влијание врз жените, расните, етничките и малцинските заедници и луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија. Иако сцената во моментов е „мрачна“, основачот на „Мајкрософт“ е убеден дека светот ќе излезе од пандемијата и ќе продолжи да напредува кон целите за подобрување на глобалното здравје.