Пандемијата на коронавирус го врати напредокот на глобалното здравје и доведе милиони луѓе во опасност од фатални болести и сиромаштија, се наведува во новиот извештај на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Поради пандемијата, екстремната сиромаштија е зголемена за 7 проценти, а рутинското покривање на вакцините се спушти на нивоата што последен пат беа забележани во 90-тите години, се вели во извештајот објавен денеска. „Тоа е огромна загуба“, оценува Бил Гејтс, копретседател на фондацијата за финансирање на глобалното здравје и развој.
Гејтс ги негира теориите на заговор за вакцините
„Пандемијата на ковид-19 не само што го запре напредокот, туку и го повлече наназад“, вели Гејтс. Во извештајот се наведува дека пандемијата има непропорционално влијание врз жените, расните и етничките малцински заедници и луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија. Додека сцената е „мрачна“ во моментов, Гејтс е убеден дека светот ќе излезе од пандемијата и ќе продолжи со напредокот кон целите за подобрување на глобалното здравје.